Вардар ја засили средината со Филип Јаневски од Скопје

Најтрофејниот фудбалски колектив во земјава, Вардар, продолжи да се екипира за следната сезона и новата битка за пласман во ПМФЛ

Ново име во „црвено-црниот“ табор е Филип Јаневски. Фудбалерот за врска кој има 28 години доаѓа од Скопје со кој се натпреваруваше во елитата. Се очекува Јаневски да ја зголеми конкуренцијата во Вардар и да биде сериозно засилување, а играчот се обврза на верност од две години. 

Минатата сезона во ПМФЛ, Јаневски одигра 22 натпревари и даде три гола, со три асистенции. Покрај тоа во баражот за опстанок против Воска Спорт, 28-годишникот беше двоен стрелец. Во својата кариера освен за Скопје, Јаневски настапуваше и за Борец, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров, а продукт е на школата на Работнички.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.