Вардар ја пресели тренинг базата во Словенија

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар го пресели својот тренинг камп од Скопје во словенечкиот град Раденци. 

Оваа дестинација ќе биде домот на Гоце Седлоски и неговите избраници во следниот период, во исчекување на европските предизвици ова лето. Вардарци веќе пристигнаа и се аклиматизираа во Раденци, а беше одработен и првиот тренинг. 

Во моментов Седлоски не може да смета само на Роџер Мато, Данел Донгмо и Фаустин Сенгхор кои во наредните денови ќе се приклучат на тимот. 

Вардар доби „засилување“ во стручниот штаб, бидејќи асистент на Седлоски ќе му биде Драган Начевски, додека за кондицијата на „црвено-црните“ ќе се грижи Антонио Бошевски.