Вардар и Пелистер ќе играат за Суперкуп титулата

За првпат во историјата на македонскиот фудбал вечните ривали Вардар и Пелистер ќе играат за титулата од Суперкупот на Македонија. По завршувањето на Куп натпреварувањето и математичката потврда на Вардар како старо-нов шампион на Македонија, јасно е кои две екипи ќе се борат за првиот трофеј наредната сезона.

Иако оваа сезона Суперкупот не се одигра, од ФФМ најавуваат дека натпреварувањето нормално ќе продолжи од следната сезона и многу веројатно ќе биде најава за влез во новата сезона. Потребно е да биде дефиниран термин кој нема да се судри со европските натпревари на Вардар и Пелистер.

Овие две екипи следната недела на 28 мај во Битола ќе го одиграа четвртото, последно дерби оваа сезона. Претходно Вардар забележа две победи и еден натпревар заврши без победник.