ВИДЕО: Вардар и „Комити“ ги прославија јубилеите со победа над Жељо!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одигра пријателски натпревар по повод 75. роденден и славеше над Железничар (2-0) од Босна и Херцеговина. На овој дуел јубилеј славеа и навивачката група „Комити“ - 35 години постоење.

  • Головите на натпреварот:

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје владееше вистинска славеничка атмосфера, пред нешто околу 15.000 љубители на фудбалот. Трибините пулсираа во име на „црвено-црните“, а се приреди и пиротехничко шоу во знак на јубилеите.

Што се однесува до натпреварот, Вардар постигна по еден гол во двете полувремиња. Реализатори во победата беа Филип Јаневски и Ерен Парталко. Сите играчи кои беа во записникот, добија шанса.

За Вардар настапија Гачевски, Ристески, Глишиќ, Вецески, Мишковски, Мицевски, Јусуфи, Јаневски, Маркоски, Христов и Попзлатанов кои беа во стартниот состав, а од клупата влегоа Целески, Јовчев, Стоилевски, Дошев, Папули, Величковски, Николовски, Парталко, Велковски, Николов, Блажевски и Цветков.

Железничар настапи во тим Муфтиќ, Галиќ, Малиќ, Чочалиќ, Хајдаревиќ, Хоџиќ, Мекиќ, Беркиќ, Сантош Родригез, Субашиќ и Харачиќ. Од клупата влегоа Кариќ, Пашиќ, Кобашевиќ, Ефендиќ, Мукај, Крижевиќ, Шехиќ и Бегановиќ.