Вардар го засили стручниот штаб со нов физиотерапевт

Вардар доби значајно засилување во стручниот штаб пред почетокот на новата сезона. Нов физиотерапевт на „црвено-црните“ е Тоше Трајковски, добро познато име за вардаровите навивачи и човек кој веќе има оставено длабока трага во клубот.

Трајковски се враќа во редовите на Вардар по неколку години, откако претходно беше дел од најуспешниот период во поновата историја на клубот, во ерата на Сергеј Самсоненко кога „црвено-црните“ доминираа на домашната сцена и бележеа значајни европски резултати.

Во изминатиот период тој беше дел од стручниот тим на Алкалоид, каде што работеше со ракометарите на македонскиот клуб и стекна дополнително искуство во областа на спортската медицина и рехабилитацијата.

Со неговото враќање, Вардар добива искусен професионалец кој добро ја познава клупската средина и високите стандарди што ги носи работата во најтрофејниот македонски фудбалски клуб.