Вардар го врза Петејчук со две и пол годишен договор

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Анатолиј Петејчук, ќе остане дел од Вардар и во наредниот период затоа што потпиша професионален договор со „црвено-црните“.

Петејчук, кој има 17 години и настапува на десната бековска позиција, го потпиша првиот професионален договор во својата кариера. Младиот фудбалер ќе остане во Вардар во наредните две и пол години.

Играчот беше дел од тимот на подготовките во Турција, а договорот доаѓа по препорака на Александар Васоски. Петејчук досега има два настапи за селекцијата на Македонија до 17 години.

Вардар е лидер во Првата македонска фудбалска лига со десет бода повеќе во однос на второпласираниот Силекс, а првенството е стопирано поради коронавирусот кој владее во нашата земја.