Вардар го потврди потписот со Дејан Цветаноски

Mакедонскиот второлигаш Вардар го потврди трансферот на Дејан Цветаноски, кој во есенскиот дел од сезоната го носеше дресот на Силекс. 

32-годишниот центарфор доаѓа меѓу „црвено-црните“ како слободен играч, за да ја пополни дупката која настана по заминувањето на Симеон Христов, Никола Величковски и Кире Маркоски од редовите на второпласираниот тим во ВМФЛ.

„Дејан Цветаноски е уште еден нов играч во Вардар. 32-годишниот напаѓач доаѓа од екипата на Силекс, со големо искуство во домашното првенство“, напишаа на социјалните медиуми од редовите на Вардар. 

Последен клуб на Дејан Цветаноски беше кратовски Силекс, а претходно тој настапуваше и за Ренова, Струга, Победа, Пелистер, Младост Царев Двор, Тетекс, Хоризонт Турново и Напредок од Кичево.

Искусниот фудбалер веќе е на тренинзите на Вардар и работи со тимот на Бобан Грнчаров.