Вардар го победи вицепрвакот на Сан Марино за крај на подготовките

Екипата на Вардар со победа ги заврши подготовките во Италија, откако триумфира над Виртус од Сан Марино со резултат 3-2 (2-0).

Македонскиот шампион го одигра последниот контролен дуел со вицепрвакот во тамошниот шампионат, а на полувремето имаше водство од 2-0 со головите на Горан Закариќ и Дарко Велковски во 7. и 20. минута. Асистенти беа Пирес и Закариќ.

Во вториот дел со два брзи гола во 52. и 55. минута Виртус израмни на 2-2, а победата за црвено-црните ја донесе Закариќ во 80. минута по асистенција на Пирес.

Вардар се враќа од подготовките во Италија на 2 јули и фокусот е кон првиот европски меч во ЛШ со фински Купс во Скопје.