ВИДЕО: Вардар го одигра најдобриот меч и ја прегази немоќната Струга

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го одигра најдобриот меч сезонава и со сигурни 3-0 (0-0) на домашен терен беше подобар од новајлијата во елитата, Струга Трим Љум.

Стружани не можеа да се надигруваат со Вардар, иако Васоски на располагање поради повреда немаше двајца првотимци, што гледајќи на актуелниот тим е голем удар за „црвено-црните“. Сепак, Вардар со моќно второ полувреме ја запиша посакуваната победа, со која остана меѓу најдобрите во мак-фудбалот.

Што се однесува до мечот, првиот дел не понуди многу, само неколку полушанси на двете страни кои се броеја на прсти. Вистинските возбудувања пристигнаа во второто полувреме, кога Вардар заигра по планот и даде три гола во мрежата на ривалот.

Два брзи гола во 67. и 72. минута постигна бразилскиот десен бек Жуниор, а двата беа по асистенција на Даниел Аврамовски. Вардар изгради две перфектни акции, со завршен пас во вистинско време и истите беа убави за око, затоа што се дојде до последната зона и се заврши веднаш пред нозете на голманот Ѓуриќ.

Третиот погодок за Вардар беше дело на Најдовски, исто така по една убава акција која започна од Тошевски, па продолжи до Попзлатанов, кој во казнениот простор го проигра Цветановски, а тој беше несебичен и додаде до Најдовски кој беше сам и лесно реализира.

Вардар во наредното коло гостува на жешкиот „Чаир“ кај Шкупи, додека Струга Трим Љум ќе биде домаќин на Академија Пандев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 6 3 1 13:4 9 21
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 10 6 3 1 10:2 8 21
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 10 4 4 2 13:8 5 16
4 РеноваРенова 10 4 1 5 8:13 -5 13
5 ШкупиШкупи 10 3 4 3 10:9 1 13
6 СилексСилекс 2 10 4 0 6 12:13 -1 12
7 БорецБорец 2 10 3 2 5 9:16 -7 11
8 ШкендијаШкендија 2 10 3 2 5 8:7 1 11
9 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 10 3 2 5 10:16 -6 11
10 РаботничкиРаботнички 3 10 3 1 6 8:13 -5 10