Вардар ги започна подготовките, ќе тренира во Скопје и Анталија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона во која главна цел е опстанокот во ПМФЛ. 

Под водство на тренерот Гоце Седлоски фудбалерите ги започнаа тренинзите по зимската пауза и празниците. Тимот претрпе огромни промени, има доста новајлии, а исто така и многу заминувања.

Вардарци ќе тренираат во Скопје до 16 јануари, а два дена потоа патуваат во Анталија. Во овој турски крај познат за подготовки на фудбалските тимови се закажани и шест пријателски натпревари.

Есенската полусезона Вардар ја заврши на претпоследната позиција на табелата со 13 бода, еден повеќе од Воска, исто колку Беса и бод помалку од првиот „безбеден“ Тиквеш.