ВИДЕО: Вардар едвај против „пандевци“, Максимов и Барсегјан донесоа пресврт

Вардар ја совлада Академија Пандев со 3-2 во последниот домашен натпревар во сезоната и им се врати на победите по разочарувачкото „вечно дерби“. Јунак на триумфот беше резервистот Максимов, кој постигна два гола на додавања на најдобриот вардарец попладнево, Барсегјан. Дуелот против струмичани го следеа рекордно мал број на гледачи на „Филип втори“.

Бабунски се одлучи за комбиниран состав, полн со младинци, а од искусните фудбалери шанса добија Попов, Брдаровски, Хамбарџумјан и Барсегјан. Со двајца дебитанти ланскиот шампион се обиде со победа да се прости од своите малкубројни фанови на „Филип втори“. 

Домашната екипа ја имаше топката повеќе во нозете, но тешко креираше шанси. Првиот дел мина со бавен ритам и обиди од далечина на двете екипи. Атанасов прв се закани кај струмичани, а возврати Исени, кој за малку биеше непрецизно. Во последната минута од првиот дел, по корнерот од левата страна, Попов не успеа да расчисти, па Сашко Пандев од само неколку метри го матира младиот Илиќ и ја доведе Академија Пандев во водство од 0-1. 

Второто полувреме не можеше подобро да започне за „црвено-црните“. Пандевци поставија погрешна офсајд стапица, Барсегјан проби по десната страна, го проигра нововлезениот Максимов, а овој со удар по земја го совлада Истатов за 1-1 во 50. минута. 

Вардарци малку го подигнаа нивото, Бабунски ја трансформира екипата и во 66. минута второпласираниот тим на табелата поведе. Пак Барсегјан го проби Атанаскоски, ја намести топката на левата нога и со удар по земја ја погоди целта за водство на Вардар со 2-1.

Гостинскиот тренер Тренчовски ги внесе Крстовски и Велиновски и во 78. минута по киксот на Глишиќ, се придодаде Марков и го матира Илиќ за 2-2. 

И тоа не беше крај на возбудувањата, бидејќи избраниците на Бабунски во 88. минута стигнаа до победоносен гол, По една збркана акција Барегјан со глава го пронајде Максимов, кој од непосредна близина само ја втурна топката во небранетата мрежа и ги постави конечните 3-2.

Вардар со победа во турболентната сезона се прости од своите гледачи и остана на 32 бода заостанување зад Шкендија. В недела во последното коло „црвено-црните“ гостуваат кај Шкупи на „Чаир“. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РеноваРенова 1 1 0 0 4:3 1 3
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 2:1 1 3
3 ПобедаПобеда 1 1 0 0 1:0 1 3
4 ШкендијаШкендија 1 0 1 0 2:2 0 1
4 ВардарВардар 1 0 1 0 2:2 0 1
6 ШкупиШкупи 1 0 1 0 1:1 0 1
6 СилексСилекс 1 0 1 0 1:1 0 1
8 РаботничкиРаботнички 1 0 0 1 3:4 -1 0
9 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 0 0 1 1:2 -1 0
10 БеласицаБеласица 1 0 0 1 0:1 -1 0