Вардар е комплетен, дојде последниот играч што недостасуваше

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, комплетен продолжува да работи на подготовките затоа што во Скопје пристигна единствениот играч што недостасуваше.

На Александар Васоски на располагање му се стави десниот бек Жуниор, кој оправдано, поради свадба, доби додатни слободни денови. Бразилецот сега е со тимот, а од утре ќе почне со тренинзите.

Во Скопје тимот ќе работи уште дена. Потоа следи заминување за Анталија, Турција, каде ќе се темпира формата со тест-натпревари. До заминувањето на подготовки, Васоски ќе мора да отстрани тројца играчи од младите во тимот.

Веќе се закажани пет пријателски средби, со силни имиња. Пријателските стартуваат на 20 јануари против Хајдук, додека три дена подоцна, Вардар ќе игра со украински Динамо Киев. На 29 јануари е мечот со Црвена Звезда, па следи Бачка Топола, а на стартот на февруари доаѓаат мечеви со Борац Бања Лука и Мура од Словенија.

Првенството во мак-фудбалот продолжува на 16 февруари, кога Вардар ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров.