Вардар е фаворит и доби противник од Сан Марино во првото коло на КЛ!

Македонскиот прволигаш и освојувач на Купот, екипата на Вардар, го дозна својот противник за квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. 

Нашиот најтрофеен клуб ќе се соочи во првото коло со екипата на Ла Фиорита од Сан Марино и сигурно ќе ја има фаворитската улога за прогрес во следната фаза. 

Вардарци имаа повеќе од успешен втор дел од сезоната, беа скоро непобедливи, а воедно успеаја и да го освојат вториот најзначаен трофеј во Македонија.

Првиот натпревар против ќе се одигра на 10 јули на гостински терен, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје