Вардар доведе уште еден Босанец, пред потпис е со Ѓорѓе Ќосиќ

Најтрофејниот македонски клуб, скопски Вардар, продолжи да го засилува тимот за следната сезона во ПМФЛ

Заедно со Горан Закариќ од Босна и Херцеговина доаѓа Ѓорѓе Ќосиќ. Се работи за 28-годишен дефанзивец кој минатата сезона ја мина во Шахтер Караганди во Казахстан и пролетта во Тузла Сити во родната земја. Ќосиќ може да ги покрие позициите стопер и лев бек, па се очекува да биде од помош во тимот на Горазд Михајлов. Двајцата Босанци веќе му се ставија на располагање на тренерот на подготовките во Словенија и се очекува да почнат со тренинзи.

Во својата кариера Босанецот има настапи и за Младост од Србија, како и босанските Звијезда, Дрина Зворник, Витез, Зрињски и Борац Бања Лука.

Вардар работи и на нови засилувања за кои информации ќе има во следниот период.