• Зоран Мишевски
Еден од најактивните клубови во летниот преоден рок, скопски Вардар, денес го затвори периодот на доведување на нови фудбалери со уште еден интернационалец.
Камерунецот кој настапува во Франција, Данел Донгмо, е нов член на Вардар и веќе е со своите нови соиграчи во Словенија. Се работи за 23-годишен фудбалер за врска, кој последната сезона ја помина во вториот тим на Троа.
Претходно Вардар се засили со Најдовски, Шаркоски, Ќосиќ, Дианеси, Закариќ, Ким, Костов...
Вардар утре на „Максимир„ ќе одигра пријателски натпревар со Динамо.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.