Вардар донесе млада опција во нападот, потпиша со Михаил Талевски

Екипата на Вардар има ново име во тимот и потпиша договор со 20-годишниот напаѓач Михаил Талевски.

Играчот последната полусезона ја мина во Битола, каде настапуваше за Пелистер. Зад себе остави 18 настапи во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардар со ангажманот на Талевски доби уште една опција за У21-играчите во ростерот, каде има уште двајца младинци на располагање.

Покрај за Пелистер, Талевски настапуваше во Хрватска за вториот тим на Осијек, како и за младинскиот тим на Работнички.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.