Вардар донесе кондициски тренери од Аргентина

Фудбалскиот клуб Вардар ги заврши подготовките надвор од Македонија и се врати дома, а објави новитет по стартот на тренинзите на домашно тло.

Од таборот на „црвено-црните“ објавија дека стручниот штаб го засилуваат тренерите Себастијан Пабло Пардеиро и Гонзало Перез Бацигалупо од Аргентина.

Клубот потенцира дека станува збор за искусни кондициски тренери, чии главен фокус ќе биде физичката подготвеност на фудбалерите, која е од особена важност за екипата.

Вардар полека се екипира, застана на здрави нозе, а се очекува во периодот кој следи клубот да биде уште подобар и кадровски и резултатски.