Вардар ќе има нов „вештак“ за тренинг и активности

Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе добие нов тренер за тренинг и активности со вештачка трева, во рамки на тренинг-кампот во Хиподром.

Старата вештачка подлога веќе подолго време беше уништена и беше ризик да се тренира и да се игра на неа. Вештачкиот терен комплетно започна да се реновира и подлогата ќе биде наскоро обновена и во функција.

За новата подлога, ќе се употреби десет тони гранулат по УЕФА-стандарди, а ќе може да се тренира и работи и во зимски услови и дождливо време.