• Иван Димовски


Кога се чинеше дека најтрофејниот македонски фудбалски тим фати каков-таков ритам, Вардар нанижа четири порази во низа. За волја на вистината двапати играа против шампионот Струга и еднаш против Шкупи, ама месецов загубија и дома од Воска Спорт.
Сега нов излез од кризата вардарци ќе бараат на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров во рамките на 17. коло на ПМФЛ. „Лавовите“ исто така немаат сјајна сезона, меѓутоа котираат далеку подобро од следниот ривал. Момците кои ги води Џангаровски играат променливо, во последните пет натпревари победија двапати, еднаш ремизираа и претрпеа два порази. Во моментов ѓорчепетровци се држат над „опасната зона“ со 18 бода или седум повеќе од Вардар.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Македонија ЃП и Вардар
Токму тој сегмент му дава и дополнителна важност на овој натпревар. Вардарци имаат шанса да му зададат удар на директен конкурент во битката за опстанок во ПМФЛ. Сезонава овие две екипи се среќаваа во два наврати. Прво во првенството славеа „црвено-црните“ со 2-1 на почетокот на септември, а потоа на крајот на октомври „лавовите“ триумфираа минимално (0-1) во Купот на Македонија. Реално гледано, нема потреба да се гледа традицијата на оваа пресметка, пред сè бидејќи се работи за комплетно изменети тимови од минатото. Последните официјални натпревари пред двата сезонава овие екипи ги имаа во 2021, а тоа беше пред Вардар да падне во ВМФЛ.
Реално гледано блага фаворитска улога има Македонија Ѓорче Петров, ама и Вардар гледа свои математики на оваа пресметка. Можеби поради тоа вреди да се ризикува со Х, а сметаме дека нема да има многу голови, па се наметнува и 0-3.