• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а УЕФА ја изврши ждрепката и познато е што ги чека црвено-црните ако ја минат првата рунда.
Во првото квалификациско коло, Вардар игра двомеч со финскиот првак КуПС. Првиот натпревар се игра во Скопје, реваншот е во Финска.
Доколку Вардар го мине КуПС, во втората рунда на ЛШ ќе има статус на носител, а таму ќе игра натпревар со новиот првак на Азербејџан, Сабах, или ТНС од Велс. Првиот натпревар Вардар би го играл на гости, а реваншот дома.
Овој евентуален двомеч е воедно и битка за долга европска сезона, затоа што третото коло во Лигата на шампионите носи директно место во Конференциската лига на УЕФА, а плеј-оф во Лигата на Европа.
Натпреварите од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите се играат на 21/22 јули, односно 28/29 јули.

