Варан на чекор од Јунајтед, остануваат детали пред официјализација

Варан

Рафаел Варан наскоро ќе биде официјализиран како нов член на Манчестер Јунајтед.

Французинот покажа интерес за нов предизвик, а тоа го искористи премиерлигашот. Реал Мадрид ќе добие 50 милиони плус бонуси, во зависност од настапите на дефанзивецот.

Негов партнер во одбраната ќе биде капитенот Хари Мегвајер. Со нив двајца Оле Гунар Солскјер се надева дека ќе има цврста одбрана за освојување титули. Личните услови се договорени, останува само да се средат деталите, па фановите на Јунајтед да започнат да се радуваат на новиот потпис на „Олд Трафорд“ ова лето.

„Црвените ѓаволи“ со Варан и претходно со Џејдон Санчо формираат респектабилна група која ќе биде конкурентна во сите натпреварувања.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.