• Мартин Танасковски

Рафаел Варан ќе биде во одбраната на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Галатасарај во Лигата на шампионите. Французинот го најави следниот дуел, а кажа дека против турскиот тим мора да се биде ефикасен ако се сака победа.
„Натпреварувањето на највисоко ниво има разлика, деталите се мали, но мора да бидеш ефикасен за да освојуваш трофеи. А нам ни треба тоа. Во одредени ситуации примивме голови од мали шанси, а креиравме многу да постигнеме гол и не успеавме. Мора да сме далеку подобри. Имаме квалитети да победуваме и да одиме напред. ЛШ е тешка, секој детал е важен, ама ние имаме капацитет“, изјави Варан.
Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Галатасарај се игра во вторник од 21:00 часот.