• Редакција Gol.mk

Двата клуба од источниот дел на земјата, Кожуф од Гевгелија и Детонит Плачковица приредија изненадувања и ги совладаа фаворитите Пелистер и Беса, во рамките на петтото коло на Втората фудбалска лига (ВМФЛ).
Во Радовиш падна Беса, а добрата игра го лансира тимот на Иван Варадиновски како фаворит од сенка за промоција во Првата лига.
„Влеговме малку резервирано во првите неколку минути од натпреварот, потоа се консолидиравме и имавме тотално контрола во текот на целиот натпревар и заслузено ги освоивме бодовите.
Честитки до моите играчи и огромна благодарност до радовишката публика за феноменалната поддршка“, рече Варадиновски.
Единствениот натпревар на кој Детонит Плачковица не победи е дуелот со Пелистер во Битола, каде момците на Варадиновски одиграа 0-0.