• Редакција Gol.mk
Детонит Плачковица со пораз од 2-0 од екипата на Вардар Неготино ја започна пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
На „Цвај Арената“ во Неготино условите за игра беа многу лоши, а тоа е сигурно една од причините за поразот на номинално поквалитетната и покреативна екипа. По натпреварот тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски рече дека условите за игра биле катастрофални, додава дека противникот нивните грешкки ги искористил за победа од 2-0.
„Катастрофални услови за игра, во кои домаќините подобро се снајдоа и ги искористија нашите наивни грешки. Нека биде ова една поука за понатамошниот тек на првенството. Честитки на домашната екипа за победата“, изјави Варадиновски за локалните медиуми.
Во следното коло Детонит Плачковица на домашен терен ќе игра против екипата на Скопје.
ФОТО: „М-нет“ телевизија