Пристигна уште едно засилување, Новаци се пофали со потписот на Сиљаноски

Второлигашот Новаци продолжува да гради конкурентен тим со кој ќе се обиде да им ги „помрси“ сметките на фаворитите во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Во Новаци пристигна и третото летно засилување, кое е добро познато на фановите. Во тимот се враќа младиот Андреј Сиљаноски, фудбалер кој што дресот на Новаци го носеше и во втората половина од ланската сезона. 

Но, тогаш беше на позајмица од Пелистер, додека сега младиот офанзивец си подаде рака со раководството на клубот и потпиша договор најмалку до крајот на сезоната.

Со овој трансфер Андреј ќе добие поголема минутажа и дополнително искуство кое ќе му помогне во неговиот понатамошен развој. Сиљаноски е дете од школата на Пелистер, а како сениор досега настапи на три средби во зелено-белиот дрес.

Претходно во Новаци пристигнаа Кирил Стојков и Петар Гугуљанов од Кожуф.