Варадиновски: Бевме многу подобри во вториот дел, бодовите заслужено останаа во Радовиш

Екипата на Детонит Плачковица е најдобар домаќин во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Оваа екипа не ни примила гол на свој терен, а и му го нанесе единствениот пораз на лидерот Беса. Во саботата во Радовиш падна Охрид со 1-0, со гол постигнат во второто полувреме.

Тренерот Иван Варадиновски беше задоволен од прикажаното и констатираше дека подобрата екипа ги освоила бодовите.

„Игравме по тешки услови за игра против квалитетен противник. Во првиот дел ни недостасуваше малку агресивност, но во второто полувреме од натпреварот бевме многу подобри. Тогаш креиравме доста шанси и бодовите заслужено остануваат во Радовиш“, рече тренерот Варадиновски.

Детонит Плачковица на две кола до крајот на есенскиот дел на Втората лига (ВМФЛ) е второпласиран и само Беса, која е многу блиску до есенската титула, има оодобра полусезона од радовишани. До крајот на полусезоната екипата а Варадиновски го пречекува Кожуф и гостува во Струга против Караорман.