ВИДЕО: ВАР во Премиер лигата не функционира, како само ова не беше пенал!?

Екипата на Вулверхемптон ќе мора да се задоволи само со бод од гостувањето кај Брајтон (2-2) во 16 коло од Премиер лигата. Иако можеби резултатот е реален бидејќи двете екипи имаа свои шанси, останува дилемата дали Волвси се оштетени за чист пенал. 

  • Спорната ситуација од средбата:

 

Еден од одбранбените фудбалери на Брајтон додека беше на земја, го погодија со топката и остана пред него. Тој се обиде со глава да ја сокрие на безбедно место, но топката самиот ја истркала и го удри в рака.  

Гостите веднаш почнаа да протестираат, а по консултација со ВАР собата беше одлучено дека пенал нема. Иако на снимката јасно се гледа дека играчот непотребно искомликува и самиот се погоди в рака, судиите одлучина дека било не намерно и не досудија најстрога казна. 

Ова е само уште една спорна одлука во навистина долгата низа при користење на ВАР во Премиер лигата. Судиите најчесто остануваат при својата првобитна одлука и не ги проверуваат спорните ситуации.