ВАР технологијата од следната сезона ќе се користи и во Србија

Српската Суперлига ќе биде втора од балканските простори која ќе воведе видео технологија. 

Оваа одлука беше соопштена на седницата на Собранитето кое го одржаа во Србија, а таа гласеше дека од сезоната 2021/22, судиите во оваа лига ќе имаат можност на ВАР технологија. Србија во чекор ја следи Хрватска, која минатата сезона ја вметна технологијата на натпреварите од ХНЛ, па веќе од следната сезона и во Србија ќе се користи ВАР. 

Ова е голем чекор напред за имплементирање на модерната технологија во фудбалот. Веројатно ќе биде направен и првиот чекор за користење на ВАР-технологијата и во помалите национални првенства во Европа, како македонското.