ФОТО: ВАР „сојузник“ на Барса, Реал би бил лидер без видео-технологијата!

Знаете ли како би изгледала табелата во Примера сезонава со и без примена на ВАР-технологијата?

Ситуацијата на табелата не би била драстично променета, но интересно е што во овој случај, Реал Мадрид би бил сега лидер, а Барселона би била на второто место, но со ист број на освоени бодови. 

„Кралевите“ имаат голема негатива од дванаесет бода во однос на Барселона и сигурно дека фановите на Реал во моментов би сакале втората табела да биде вистинска, но сепак Каталонците се на добар пат кон нова титула во Примера. 

Атлетико Мадрид е „забетониран“ на третата позиција, а Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски би бил една позиција погоре од актуелната и би се нашол на седмото место. 

На дното на оваа табела, во двете варијанти последните две места се „резервирани“ за Алмерија и Елче.