ВИДЕО: ВАР поништи два гола во мечот за опстанок, радост за Станковиќ и Сампдорија

Екипата на Сампдорија конечно успеа да слави победа во Серија А, откако денес беше совладана Верона на домашен терен со 3-1. Ова беше прва победа после десет натпревари за тимот на српскиот тренер, Дејан Станковиќ

  • Извештај од натпреварот: 

Домашниот тим одлично го отвори мечот и успеа да постигне два гола преку одличниот Габиадини во 24. и 35. минута од натпреварот. Гостите од Верона малку повеќе ја држеа топката кај себе, но сепак не успеава посериозно да го загрозат голот на словенечкиот голман, Мартин Турк. До крајот на првите 45 минути остана истиот резултат и Сампдорија замина на паузата со водство (2-1). 

Второто полувреме донесе малку поголема иницијатива на гостинскиот тим, иако и Сампдорија имаше неколку пристојни прилики за уште еден погодок. Мрежите мируваа до 89. минута, кога Давиде Фараони успеа да постигне гол за Верона и да го намали резултатот на 2-1 и гостите се понадеваа дека можат да дојдат до реми и бод од ова гостување. Но сепак, на самиот крај Сампдорија постигна и трет погодок преку Заноли дури во 99. минута, по што веднаш беше означен и крајот на натпреварот. Вреди да се напомене дека ВАР-технологијата беше во центарот на вниманието во второто полувреме, поништи два гола за Верона во 61. и 66. минута, двапати стрелаше Гаич, но беше во офсајд.

Сампдорија ја продолжува „невозможната мисија“ за опстанок во Серија А. Тимот на Дејан Станковиќ е претпоследен на табелата со 15 освоени бодови, додека Верона е во малку подобра ситуација, иако и тие се само едно место погоре со 18 бодови. Двете екипи ги очекува исклучително тешка борба во понатамошниот дел од првенството. 

Состави

Дејан Станковиќ

3-4-2-1

    Marco Zaffaroni

    3-4-2-1