• Горан Упале

Фудбалерите на Трабзонспор и Галатасарај одиграа феноменален натпревар во рамките од 16. коло во турската Суперлига. Дербито на колото заврши со седум постигнати гола и победа на лидерот, обезбедена во 98. минута (4-3).
- Извештај од натпреварот:
Головите за Галатасарај ги постигнаа Мертенс, Акгун, Батчуаји и Јилмаз (автогол), додека во листата на стрелците за поразениот тим се запишаа Туфан (2) и Банза. Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди не беше во протоколот ниту за овој натпревар.
Покрај пресвртите и многуте возбудувања, натпреварот во Истанбул го одбележаа и неколкуте реакции и нереакции на судиите од ВАР собата, поради кои ќе има големи полемики во Турција.
Галатасарај е лидер со 41 бод, пет бода повеќе од Фенербахче, додека Трабзонспор е на петнаесеттата позиција со 16 освоени бода.