• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар го одигра првото дерби во месец октомври и ремизира со Струга Трим Лум (2-2) во спектакуларно дерби кое донесе ревија на убави голови и атрактивни потези на актерите. Овој резултат повеќе ѝ одговара на Струга, која останува на врвот на табелата во македонскиот шампионат со 23 бода, додека Вардар е втор со 21 бод и го чека исходот на мечот меѓу Пелистер и Шкендија за да знае на кое место ќе биде на паузата.
Мечот го одбележаа три моменти. Првиот беше ВАР-пеналот кој за гостите беше дискутабилен, а за судијата Стојанче Стојанов беше потврден. По центаршут на Маневски, топката го удри Илиевски, се тврдеше дека играчот ја удрил топката со тело, а не со рака, меѓутоа беше покажана најстрога казна. Голманот Ангелети го прочита Мато.
Сепак, Роџерс Мато потоа уште еднаш ги покажа своите квалитети и зошто важи за најдобар играч на Вардар оваа сезона, откако постигна убав гол за 1-1.
На спротивната страна, се истакна најдобриот стрелец во шампионатот на Македонија, Басиру Компаоре, кој беше автор за голот за 1-2.
И кога сите чекаа крај, Малески промаши зицер за стружани, тоа го казни Јанкулов, за конечни 2-2. Дербито ги оправда очекувањата во целост, навивачите уживаа на трибините во ефикасен меч, на крајот, можеби заслужено без победник.




