ВИДЕО: ВАР оправдано ѝ поништи гол на Аталанта, само реми кај Специја

Фудбалерите на Аталанта не успеаа да слават на гостувањето кај Специја (0-0) и одиграа реми без голови во осмото коло од Серија А. Избраниците на Гасперини се закануваа и обидуваа, ама не успеаа да стигнат до гол за победа на „Алберто Пицо“. 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот сепак започна со шанса за Специја. Домаќинот можеше да поведе преку Диего Фариас, ама по три минути игра ја затресе десната статива од голот на Голини. Аталанта бргу потоа се закани преку Госенс, ама неговиот удар заврши покрај голот. 

По паузата, Аталанта тргна многу по погодок за предност. Нападите вродија со плод кога Госенс ја смести топката во мрежата во 57. минута. Сепак, голот беше поништен поради офсајд. По нафрлена топка, Дуван Запата ја спушти топката до Германецот со глава, ама претходно бил во офсајд. 

Марио Пашалиќ имаше двојна шанса во финишот од натпреварот, меѓутоа во двата наврати изнуди интервенции од голманот Проведел. По него, Миранчук падна во шеснаесетникот и бараше пенал, ама не го доби, па Аталанта мораше да се задоволи со бод.