ВАР му поништи три гола на Марио Гомез: „Системот е големо ср*ње“

Несекојдневен натпревар се одигра вчера во германската втора Бундеслига. Сандхаузен беше поуспешен од Штутгарт со 2-1, а на Марио Гомез му беа поништени три гола по преглед на ВАР-технологијата.

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен немаше среќа при постигнувањето на головите. Тој постигна хет-трик, но со поништени голови. Првиот поништен гол се случи во десеттта минута кога Гомез се најде во минимален офсајд. 

Вториот гол на Германецот беше одличен, по еден одбиен шут тој од пет метри направи популарни „ножички". Сепак радоста не траеше долго бидејќи по консултација со ВАР собата и тој гол беше поништен. 

Гомез погоди и третпат по добра длабочинска топка, но тогаш не ни помислуваше да тргне да прослави. Застана и чекаше дали ќе има реакција од судиите. Повторно видео технологијата потврдува и на Гомез му е комплетиран хет-трикот со поништени голови. 

До крајот Штутгарт успеа да погоди во финишот на мечот од белата точка за 2-1. Напаѓачот по натпреверот изјави дека технологијата за напаѓачите е катастрофална. 

„Бев пријателски настроен (кон ВАР), бидејќи би требало да е праведен. Сепак, за нас напаѓачите тоа е катастрофа. Тој систем, каков што е во моментов е големо ср*ње", изјави револтираниот Марио Гомез.

Ветеранот оваа сезона погоди само во првото коло од првенството против Хановер, а Штутгарт по 15 кола се наоѓа на третото место на табелата.