ВИДЕО: ВАР му поништи гол на Барсегјан, Ерменија ја изненади Ирска

Фудбалската репрезентација на Ерменија направи изненадување и со победа над Ирска (1-0) ја стартува новата сезона во рамки на Лигата Б во Лигата на нациите.

Домаќинот во Ереван имаше улога на аутсајдер на хартија, но успеа да ја совлада незгодната островска селекција. Еден гол го реши натпреварот, а човек на одлука беше Едуард Спертсјан кој ја стресе мрежата на противникот во 74. минута со фантастичен шут од далечина.

На овој дуел во листата на стрелците се запиша и поранешниот вардарец Тигран Барсегјан. Крилниот играч даде гол во 50. минута, но судијата Петреску од Романија повика ВАР и го поништи поради офсајд.

Следното коло за Ерменците носи уште еден дуел со островска селекција, тоа е Шкотска, овој пат на гостински терен. Ирска, пак, ја чека домашен дуел со Украина.

Состави

Joaquin Caparros

4-4-1-1

    Stephen Kenny

    5-3-2