ВИДЕО: Дали ВАР му одзеде триумф на Ливерпул - имаше ли офсајд од Мане?

Екипата на Ливерпул не успеа да го совлада Евертон, па иако беше подобар противник натпреварот заврши со нерешени 2-2 на „Гудисон Парк“.

Во самиот финиш од средбата, во 94. минута, капитенот Хендерсон погоди за 2-3 за својот тим. Сепак, на сцена одново стапи ВАР технологијата и поради милиметарски офсајд на Садио Мане, претходно во акцијата, го поништи победоносниот гол на Ливерпул.

  • Поништениот погодок на Хендерсон:

Момците на Клоп имаат за што да бидат незадоволни од арбитражата, бидејќи и во првото полувреме имаше спорна ситуација врз Ван Дајк, кој беше мета на груб старт од Пикфорд, ама поради офсајд не беше досуден пенал.