• Иван Димовски

Фудбалерите на Египет постигнаа и втор погодок против Аргентина во осминафиналето на Светското првенство, ама голот на Мохамед Зико беше поништен, па потоа истиот фудбалер успеа да погоди и регуларно.
Причината за поништувањето на првиот гол беше прекршок во зачетокот на акцијата од Атиа врз Лисандро Мартинез, па реализацијата на Зико во продолжението на акцијата беше анулирана.
Сепак, ако во 58. имаше прекршок, сè беше чисто девет минути подоцна и тогаш Мохамед Зико стрела за 0-2.
Египетскиот напаѓач се најде на вистинското место во срцето на шеснаесетникот по уфрлувањето ниско по земја од Хасан и лесно реализира.





