ВИДЕО: ВАР му го поништи најлесниот гол на Миовски во кариерата!

Глазгов Ренџерс се врати на победите во Шкотска, го победи дома Килмарнок (3-1), а Бојан Миовски успеа да се запише во листата на стрелците, но ВАР му ја скрати радоста.

Центарфорот го даде голот по најкомичниот момент кој можеби го имал во кариерата. Голманот на Килмарнок тргна да деганжира, го погоди играчот на Ренџерс, а топката дојде до Бојан Миовски кој беше сам пред голот.

Сепак, ВАР-технологијата оцени дека македонскиот играч бил во недозволена позиција и му го поништи лесниот гол. За Ренџерс, ова беше прва победа по два нерешени резултати.