• Мартин Танасковски
Екипата на Тулуз приреди сензација и на домашен терен го совлада Ливерпул (3-2) во рамки на четвртото коло од Лигата на Европа, со што го презеде второто место во групата и ги задржа шансите за нокаут-фаза.
- Тулуз - Ливерпул 3-3:
Францускиот тим важеше за аутсајдер на хартија, но Ливерпул комбиниран падна во градот. По првиот дел Тулуз имаше 1-0 со голот на Донум во 36. минута, а по паузата, Клоп во игра ги внесе Салах, Соболсај, Трент... но, тоа не му помогна.
Следеше втор гол на Тулуз за 2-0 кој беше дело на Далинга, а откако Касерес си даде несреќен автогол за 2-1, печат на победата на тимот од Лига 1 стави Магри додека во тек беше 76. минута од мечот на стадионот „Мунисипал“. Пред самиот крај, Жота погоди за „црвените“, а иако Куанса даде гол во 98. минута за 3-3, ВАР го поништи и така Тулуз ја задржа победата.
- Славија Прага - Рома 2-0:
Пораз доживеа и Рома, која беше немоќна кај еден од најдобрите чешки тимови Славија Прага која победи со 2-0 (0-0). Двата погодока паднаа во второто полувреме, првиот го даде Јурецка во 50. минута, а потоа погоди Масопуст во 74. минута.
Ајакс ја продолжи кризата во Европа и дома загуби од Брајтон (0-2). Де Зерби поради повреди остана без двајца важни првотимци, ама премиерлигашот ги освои трите бода и остана на врвот. Фати и Адингра беа стрелци за победникот.
- Ференцварош - Генк 1-1:
На останатите натпревари, ЛАСК го совлада Унион СЖ (3-0), Виљареал беше поуспешен од Макаби Хаифа (2-1), три бода освои и Леверкузен кај Карабах (0-1), Рен го надигра Панатинаикос (3-1), триумфира и Сервет против Шериф Тираспол (2-1).