• Иван Димовски
Фудбалерите на Горица по две победи во низа, запишаа шокантно реми против „фенерџијата“ во лигата Хрватски Драговољац (1-1), во рамките на осмото коло во ХНЛ.
Стартер во нападот на Горица беше македонскиот интернационалец, Влатко Стојановски. Напаѓачот втор пат тргна од првата минута за новиот клуб, а успеа да му се оддолжи за довербата на тренерот Рендулиќ.
Стојановски во 56. минута при 0-0, доби топка на петерецот од Кристијан Ловриќ, ја смести топката во мрежата и се израдува на деби-гол. Сепак, по преглед на ВАР снимката, истиот му беше поништен поради офсајд во акцијата. Во продолжението Бабец донесе предност за Горица, но Стркаљ стрелаше за реми и бод на аутсајдерот.
Интересно, за прв пат во историјата на Хрватската прва лига, главен арбитар на натпреварот беше жена, Ивана Мартинчиќ.