„ВАР греши често, мора да преземеме добри и конкретни мерки“

Претседателот на судиската комисија во Англиската фудбалска федерација, Хауард Веб, јавно и отворено призна дека ВАР-технологијата направила многу пропусти оваа сезона, а како последен пример го наведе натпреварот помеѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед. 

„Чеканите“ со спорен пенал во судиското надополнување го совладаа фаворитот, но Веб смета дека домаќините не воопшто не требало да добијат удар од белата точка. 

„Мислам дека технологијата погрешно ја прочита ситуацијата. Искусен ВАР-судија во оваа ситуација се фокусира на ногата на Де Лихт, која оди директно кон Ингс, но не доаѓа во допир со топката. 

Топката го одмина Де Лихт во моментот на контакт со Ингс, а ВАР тоа го гледа како чист фаул. Технологијата беше фокусирана максимално на тој аспект, мислам дека не требаше да се меша во овој случај. Требаше да биде прифатена првата судиска одлука на теренот, а таа беше да нема пенал. 

ВАР греши често, но често знае да биде и од помош. Ако ја унапредиме во овој сегмент технологијата, може да просперираме. Потребни се сериозни мерки, итно да работиме на подобрување за да можеме слободно да ја користиме во иднина“, рече Веб. 

За потсетување, Вест Хем го совлада Манчестер Јунајтед со 2-1 во 92. минута, пораз кој ја „прелеа чашата“ кон отказот за Ерик Тен Хаг.