ВИДЕО: ВАР-дилема во Шпанија - изгледа како офсајд од Гризман, но судиите судат гол на Годин!

ВАР-полемиката во Шпанија доживува нова епизода со поништениот, па признаен гол на Диего Годин за Атлетико Мадрид на натпреварот против Џирона. Имено, најнапред голот за 1-0 на Уругваецот беше поништен заради офсајд од Гризман, кој е во активна позиција и се бори да ја погоди мрежата на Горка.

По прегледувањето на ТВ-снимката, иако се чини дека асистентот на Иглесијаз Виљануева добро проценил, од ВАР-собата стигнува вест дека Гризман не е во недозволена позиција и дека голот на Годин е регуларен. Погледнете го мистериозниот погодок на „јорганџиите“:

  • Спорниот гол на Годин за водство и победа на Атлетико Мадрид против Џирона: 

Подоцна екипата на Симеоне постигна и втор гол преку Гризман и стигна до победа од 2-0. Овој тешко извојуван триумф на Атлетико Мадрид е своевиден реванш за елиминацијата од Купот на Кралот баш од малиот каталонски клуб.

Атлетико Мадрид на осум кола до крајот на Примера заостанува осум бода зад Барса и в сабота на „Камп Ноу“ го очекува меѓусебниот дуел кој е последна шанса да се врати во трката за титулата.