• Горан Упале
Викендов се случи ситуација каква што никогаш порано не е видена во елитната холандска лига. Но, и пошироко. Се играше 57. минута од натпреварот помеѓу Твенте и Утрехт (1-0). Домашниот играч Ден Ротс го постигна вториот гол за Твенте, но потоа дојде повик од ВАР собата...
Главниот судија на натпреварот, 32-годишниот Марк Нагтегал, отиде кај екранот за да ја анализира ситуацијата поради можна офсајд позиција на дефанзивецот на Твенте, Бас Кајперс. Овој играч не ја допре топката, но според проценката од ВАР собата, тој имал влијание врз играта на голманот на гостите, Василис Баркас.
Главниот судија потоа направи нешто што веројатно никој не го очекуваше: Го повика и линискиот судија заедно да ја разгледаат спорната ситуација. Откако поминаа една минута гледајќи во екранот, двајцата се согласија дека голот на Твенте е регуларен.
— @CenterOfGoals live stream (@ElwandaL54519) May 11, 2025
Твенте победи со 2-0 и го задржа петтото место во борбата за плејофот за Конференциската лига на УЕФА. Утрехт е на четвртото место, три бода зад третопласираниот Феенорд, и се бори со тимот од Ротердам за место во квалификациите за Лигата на шампионите или во Лига Европа.





