Васоски е нов тренер, Хаџиевски спортски директор на Вардар!

Александар Васоски е нов тренер на скопски Вардар. Откако пред неколку дена дојде до промена на тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски состав, денес и официјално Васоски де промовиран во ново тренерско решение.

Тој доаѓа на местото на Бобан Грнчаров кој досега ги предводеше „црвено-црните“ минатата сезона и во првите две кола сезонава.

„Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на Вардар е назначен Александар Васовски - Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легендаЃоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со „црвено-црните" освои вкупно пет шампионски титули и два национални Купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим“, се вели во соопштението на клубот. 

Васоски и Хаџиевски ќе дебитираат утре попладне од 16:30 часот, на дуелот од четвртото коло против Силекс

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.