• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец и поранешен младински репрезентативец на Македонија, Ване Јованов ја продолжува кариерата во Унгарија, откако официјално стана нов член на Нирегихаза.
Фудбалерот кој досега настапуваше за хрватскиот Вараждин реши да направи нов исчекор во кариерата и да се пресели во унгарскиот шампионат, каде што ќе го носи дресот на клуб во кој во минатото играше и македонскиот А-репрезентативец Дарко Велковски, а моментално член е Дориан Бабунски.
Јованов е фудбалски производ на Бегалница од Штип, клуб во кој ги направи првите професионални чекори, а во својата кариера има настапувано и за повеќе македонски и регионални екипи, меѓу кои Вардар, Брера, Победа и Саса.
Со своето искуство и флексибилност на теренот, тој важи за играч кој може да даде значаен придонес во секоја средина. Трансферот во Нирегихаза претставува нов предизвик за Јованов, кој ќе има можност да се докаже во конкурентна лига и да продолжи со развојот на својата кариера на меѓународна сцена.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


