Ване Јованов ги задоволи вкусовите, доби нов договор од Нирегихаза!

Македонскиот фудбалер Ване Јованов го продолжи договорот со унгарскиот клуб Нирегихаза, каде пристигна во текот на зимскиот преоден рок од редовите на хрватскиот Вараждин. 

За унгарскиот тим одигра тринаесет натпревари, оставајќи солиден впечаток, што му донесе нова соработка со важност до 2028 година. 

Јованов е фудбалски производ на Бегалница од Штип, клуб во кој ги направи првите професионални чекори, а во својата кариера има настапувано и за повеќе македонски и регионални екипи, меѓу кои Вардар, Брера, Победа и Саса.

Со своето искуство и флексибилност на теренот, тој важи за играч кој може да даде значаен придонес во секоја средина.