• Сашо Поповски

Македонскиот репрезентативец, Ванче Шиков, нема да отсуствува долго од фудбалските терени. Имено, 30-годишниот одбранбен фудбалер на Австрија Виена, беше повлечен од игра за викендот, по само едно полувреме.
Првичниот сомнеж беше дека Шиков ќе биде надвор од составот неколку натпревари, но дополнителните анализи покажаа дека не се работи за посериозна повреда. Кавадарчанецот тренираше одделно од тимот во текот на цела недела. Неговото учество за викендот, кога неговата екипа игра дерби натпревар против тимот на Рапид е под знак прашалник.