• Зоран Мишевски

Некогашниот фудбалер на Спортинг Лисабон и Норвич, Рики ван Волфсвинкел му го донесе првиот трофеј во историјата на Витесе од Арнхајм. Тој со два гола го порази АЗ Алкмар со 2-0 (0-0) во финалето на Купот на Холандија.
Во 125-годишната историја Витесе неколку пати играл финале, но никогаш не го освоил тронот, но двата гола на Ван Волфсвинкел во 80. и 88. минута донесоа голема еуфорија и пласман во групната фаза на Лига Европа.