• Зоран Мишевски
Холандската фудбалска лгенда Робин Ван Перси влегува во тренерски води и ќе преземе познат клуб од Ередивизие. Ван Перси треба да стане тренер на холандската екипа Херенвен.
Славниот напаѓач доаѓа како замена за 55-годишниот Кес ван Вондерен, на кого му завршува договорот на крајот од сезоната, а од клубот веќе најавија дека нема да го продолжат договорот.
Ван Перси клупата на овој клуб треба да ја преземе неколку недели порано, така да ќе се испроба самостојно во овој сегмент од фудбалската игра.
За Ван Перси ова би бил прва самостојна работа во тренерската кариера.