Ван Перси го одведе тимот во Лигата на шампионите, па доби отказ

По нешто повеќе од една година, ерата на Робин ван Перси во Феенорд е завршена. Управата на клубот одлучи да ја прекине соработката со 42-годишниот стручњак, иако имаше договор за уште една година.

Во февруари 2025 година, тој го започна својот мандат во Феенорд, оваа сезона успеа да го одведе тимот до Лигата на шампионите, но второто место во првенството не го задоволи раководството на клубот, кое сега бара нов тренер.

Досега, Ван Перси го водеше Херенвен една сезона и до денес Феенорд. Младиот тренер сè уште чека на својот прв трофеј...